Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Контроверзната одлука на Макели го реши патникот во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Бенфика го декласираше Клуб Бриж и со победа од 5:1 ја оправда фаворитската улога и на вториот меч во осминафиналето, кое беше далеку поедносмерно од она кое го играа Челси и Борусија Дортмунд.

Португалците со вкупни 7:1 патуваат меѓу осумте најдобри, а таму ќе го гледаме и Челси кој успеа да ја надокнади негативата од Германија и да слави со 2:0 против „милионерите“.

Избраниците на Грем Потер тргнаа одлучна на денешниот меч на „Стемфорд Бриџ“ по негативата од 1:0 од Германија, но по прокоцканите шанси, за гол се чекаше пред крајот на првиот дел.

Рахим Стерлинг одлично се снајде и успеа да го матира голманот на Борусија за 1:0, но пресудниот момент следеше на стартот на вториот дел, кога во центарот на вниманието се најде судијата Макели.

Холанѓанецот оправдано покажа на белата точка, но потоа имаше контроверзна одлука откако Каи Хаверц не го реализираше пеналот. Германецот го погоди дирекот, а иако играчи на двата тима беа влезени во шеснаесетникот, тој одлучи дека истиот треба одново да се изведе.

Хаверц не погреши од втор обид и погоди за 2:0, што беше одлучувачки момент за пласман во четвртфиналето. Играчите на Борусија жестоко протестираа за одлуката на Макели, но на крајот мораа да се помират со елиминацијата на „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни