Поврзете се со нас

Италија

Коларов размислува за пензија, Инѕаги веќе има план за него

Објавено

на

Искусниот српски интернационалец, Александар Колоров размислува да ја заврши својата активна фудбалска кариера.

Дефанзивецот во актуелнава сезона скоро и да не игра за Интер и најдобар доказ за тоа се 44 одиграни минути во шампионатот и Лигата на шампионите. Сетоа ова како и повредите го тераат Коларов да ги закачи копачките на клин и тоа според „Калчомеркато“ може да се случи во наредните месеци.

Останува да се види дали тоа ќе го направи пред крајот или по крајот на оваа кампања со тоа што елбата на Србинот и понатаму да остане во фудбалот и да работи како агент.

Меѓутоа тренерот на Интер, Симоне Инѕаги веќе има план за Коларав и сака тој да му биде еден од соработниците, да има улога во тимот што како идеја е интересна за некогашниот лев бек на Рома, Лацио и Манчестер Сити.

Останува да се види која ќе биде одлуката на Коларов кој во кариерата освојуваше титули со Лацио, Манчестер Сити и сега со „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни