Поврзете се со нас

Франција

Како завршила приказната на Италијанецот во ПСЖ: Познато е како Енрике го „откачил“ Верати

Објавено

на

Марко Верати повеќе од една деценија го носеше дресот на Пари Сен Жермен и може да се каже дека беше заштитен знак на клубот од француската престолнина со оглед на тоа што беше играч со најголем стаж во истиот.

Меѓутоа таа негова приказна е готова и веќе тој настапува за Ал Араби од Катар, трансфер кој добро ќе го наплати. Доаѓањето на Луис Енрике на кормилот на „светците“ промени се за играчот за врска, а „Ле Паризиен“ од свои извори посочува како шпанскиот стратег едноставно го откачил Италијанецот и му порачал дека не му е потребен во неговата екипа.

-Ти си прототип на играч што го мразам-му порачал Енрике.

За Лучо не бил проблем стилот на игра на Верати, поточно имал позитивна оценка за тоа, меѓутоа голем минус бил неговиот начин на живот,

Верати со ПСЖ ги освои сите титула во Франција, поточно остана само неоставрен сонот за пехар во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни