Поврзете се со нас

Атлетика

Ивановски и Стојоски поставија нови национални рекорди

Објавено

на

Македонските атлетичари имаа солиден настап на атлетското првенство во Србија, а успеаја да постигнат и два нови национални рекорди.

Покрај тоа што го освои првото место на трката на 1500 метри на натпреварот одржан во Белград, Дарио Ивановски сериозно го подобри својот и истовремено државен рекорд во оваа дисциплина.

Ивановски ја завршил трката за 3:54.46 минути, со што го подобри рекордот за цели пет секунди и веројатно и дефинитивно си обезбеди норма за Европското првенство кое во март ќе се одржи во Полска.

Јован Стојоски пак го освои второто место на трката на 400 метри, а времето 48:11 секунди е нов македонски рекорд во оваа дисциплина, исто така подобрување на негов досегашен рекорд.

Добрата форма на нашите атлетичари е посебно важна и во пресрет на Олимпијадата во Токио, која беше префрлена за 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни