Велосипедизам
IN MEMORIAM: Почина истакнатиот спортски работник Ѓорѓи Кузмановски

Македонската спортска сцена денеска се соочи со тажна вест, а таа е дека на 80-годишна возраст почина Претседателот на Сојузот на спортови на Скопје и основачот на триатлонот во Македонија, Ѓорѓи Кузмановски.
Кузмановски беше роден на 15 јануари 1942 година. Уште од најмала возраст тој се вљубува во спортот, прво започнал со тренирање на ракомет во Пелистер Битола, паралелно тренира и фудбал, сè додека не го отрие велосипедизмот и тоа да стане примарна цел во неговиот живот.
Неговата љубов кон велосипедизмот и мотоциклизмот ја негува низ целиот живот и желбата да го пренесе неговото знаење за овие спортови во Македонија е од големо значење. Како страствен велосипедист напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот кои станале драгоцен прирачник за сите кои се занимаваат со овој спорт. Од Велосипедскиот сојуз на Македонија го доби признанието за најдобар спортски работник на 20 век. Како дел од репрезентацијата на мотоциклисти настапувал на девет Европски Мото Рели натпреварувања. Секоја година беше препознатлив симбол за 8-ми Септември, кога со велосипед поминуваше над 100 километри на различни делници низ Македонија.
Тој низ неговата богата кариера беше дел од повеќе институции во Македонија и поранешната Југославија, како стручен секретар на сојузот за физичка култура на Македонија и раководител на стручната служба, претседател на Велосипедскиот сојуз на Југославија, тренер на југословенската А репрезентација во велосипедизам, основач на триатлонот во Македонија, иницијатор за обнова на Скопскиот маратон, претседател и основач на триатлон клубот „Софка“, прво генерален секретар, а потоа и претседател на Сојузот на спортови на Скопје, која ја извршуваше сè до неговата смрт. Беше активен член во боксерскиот и велосипедскиот сојуз на Македонија.
Зад себе остави семејство кое чекори по неговите стапки, а тоа е љубовта кон спортот и зачувување на неговото дело во светот на спортот во Македонија. Во негова чест Македонскиот Олимписки Комитет ќе оддржи комеморација утре во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во 13 часот.
Погребот ќе биде во среда на градските гробиштата Бутел, во капела од 12 часот.
-
Англијапред 20 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 21 час
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 18 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 22 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Балканпред 17 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Англијапред 19 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 16 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска