Свет
Иџе го заврши маратонот со огромна победа во Чешка: Се врати кралот! (Фото)

Игор Стефановски Иџе стигна до втората победа во овогодинешниот шампионат на ФИА на ридско брзински трки, откако уверливото возење од Португалија го потврди и денеска во Чешка.
Популарниот Иџе беше недопирлив и имаше убедливо најдобро време по двете мерења на патеката Штернберк во Чешка, со што на најдобар можен начин го заокружи маратонот кој го имаше во изминатите неколку дена.
Стефановски имаше проблеми со искршениот автомобил и цел негов тим имаше тешка задача да го подготви за трка по силниот судар во Шпанија, но и самиот Иџе откри дека имал маратон со поминати 2,5 илјади километри во ден и половина, односно пат од Македонија до Италија и од Италија до Чешка.
Сето тоа се исплатеше поради денешното возење и фантастична победа, која е втора за него оваа сезона по онаа во Брага пред неколку седмици.
Иџе денеска зад себе ги остави Диетхард Штернад и Рене Вамрут, па големата победа ја прослави во препознатлив стил:
– Кралот се врати, 1-во место во Чешка.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 18 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика