Поврзете се со нас

Боречки спортови

Грузиски параолимпиец испратен дома од Токио откако нападнал член на обезбедување

Објавено

на

Грузискиот натпреварувач во џудо, Звијад Гогочури, требаше да го брани златниот медал на Параолимписките игри во Токио, но организаторите го испратила дома по итна постапка.

Гогочури кој е натпреварувач со оштетен вид, е исфрлен од Параолимпијадата откако во алкохолизирана состојба нападнал претставник на обезбедувањето во хотелот каде била сместена грузиската делегација.

Откако другите присутни во хотелот пријавиле бучава во доцните часови, член на обезбедувањето заминал да ги предупреди спортистите, но Гогочури го удрил и му нанел и повреда.

Полицијата првично го привела, а потоа бил испратен на првиот лет за Тбилиси, при што еден од неговите колеги од грузиската репрезентација добил последно предупредување и забрана да тренира три дена.

Грузијците се предупредени поради недисциплината, а тоа и не е изненадување откако на двајца претставници на оваа земја им беше одземена акредитацијата откако решиле да шетаат низ Токио за време на Олимпијадата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни