Атлетика
Голема трагедија: Најдобриот светски маратонец загина во сообраќајна несреќа! (Фото)

Името на Келвин Киптум надалеку стана познато во 2023-та година поради неверојатните резултати кои ги постигна атлетичарот од Кенија, кој за жал заминува од овој свет премногу рано како најдобар маратонец кој ја истрчал најдолгата делница.
Светската спортска јавност со голем шок и неверување ја прими веста за смртта на најдобриот светски маратонец и рекордер на делницата од 42 километри, откако пристигна официјална потврда дека Киптум го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа која ја предизвикал самиот тој, а во која не учествувало ниту едно друго возило.
Големата несреќа се случила на Елдорет-Каптаг патот во Кенија кога возилото на Киптум излетало од коловозот, а покрај талентираниот атлетичар, за жал во несреќата загинал и неговиот тренер, Жерваис Хакизимана.
Во автомобилот било уште едно лице кое со тешки повреди е пренесено во болница, но засега потврдено е дека во немилиот инцидент загинале Киптум и неговиот долгогодишен тренер.
Келвин си заминува од овој свет на само 24 години и во период кога требаше да доминира во светската атлетика, особено ако се знае дека на крајот на 2023-та година го урна рекордот на својот сонародник, Елиуд Кипчоге со време од 2 часа и 35 секунди.
Киптум стана првиот човек во историјата кој истрча маратон во границата од 2 часа и една минута и тоа го направи во Чикаго, но поради физичките предиспозиции и возраста, се предвидуваше дека ќе биде и првиот кој ќе ја спушти границата под два часа.
За жал, светската јавност никогаш нема да дочека такво нешто од Киптум, кој пак остана без својот животен сон за првпат да настапи на Олимпијада, нешто што требаше да биде реалност на игрите во Париз.
World Athletics is deeply saddened to hear that marathon world record-holder Kelvin Kiptum died in a road traffic accident on Sunday at the age of 24.
Obit: 🔗 https://t.co/0CF1NbAzgw pic.twitter.com/TgWepi0cok
— World Athletics (@WorldAthletics) February 11, 2024
Kelvin Kiptum, the men's marathon world record holder, has died aged 24.
Our thoughts are with his friends and family ❤️ pic.twitter.com/olSA60v0Xm
— BBC Sport (@BBCSport) February 11, 2024
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…