Поврзете се со нас

АТП

Голем шок за светскиот рекет број седум: Руне доби тениска лекција во меч кој траеше само 59. минути (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Холгер Руне е во потрага по вистинскиот рецепт за успех и направи низа промени во својот стручен штаб од стартот на сезоната, но ниту соработката со Патрик Муратоглу не му носи позначаен успех.

Откако брзо „раскина“ со Борис Бекер и се чинеше дека тргна на добар пат на Индијан Велс, Данецот денеска доживеа голем шок во Мајами и загуби од 57-от тенисер на АТП листата.

Сепак, далеку позагрижувачки е начинот на кој беше „почистен“ од теренот, бидејќи на Унгарецот Фабијан Марожан му беа потребни само 59 минути за да го надигра фаворитот.

Марожан ја оствари третата победа на топ десет тенисер во последната година и само покажува дека бележи голем напредок во кариерата, но ова беше убедливо најдобриот триумф за него.

Унгарецот го декласираше Руне со 6:1 и 6:1, па сега во третата рунда ќе игра против Алексеи Попирин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни