Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дека би играл на Олимпијада без публика

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се подготвува за предизвиците на Ролан Гарос, а во меѓувреме зборувал и за евентуалниот настап на Олимписките игри во Токио.

Засега организаторите најавуваат дека локалните навивачи ќе имаат пристап на натпреварите, но ако тоа се промени, Србинот не е убеден дека треба да настапува.

– Колку што знам, ќе има 20 до 30 проценти публика и тоа само од Јапонија.

– Ако нешто променат, односно ако нема навивачи, тогаш ќе размислам дали да настапам. Во моментов сум возбуден бидејќи очекувам да бидам дел од Олимписките игри, – изјавил Ѓоковиќ.

За српскиот тенисер ова ќе биде можност за уште еден важен трофеј, бидејќи досега има освоено само бронзен медал и тоа во Пекинг во 2008 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни