Поврзете се со нас

Германија

Германските политичари шокирани од федерацијата: Трите ленти се дел од германскиот идентитет

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/DFB_Team

Германската фудбалска федерација официјално потврди дека ќе ја заврши соработката со „Адидас“ и од 2027 година ќе соработува со „Најк“, кој ќе биде нов спонзор на сите репрезентации.

Тоа значи крај за традицијата долга седум децении и одекна на светската фудбалска сцена како навистина неочекуван потег, а информацијата ги шокираше и германските политичари кои бурно реагираа за одлуката.

Меѓу најгласните е министерот за економија, Роберт Хабек, кој очекувал поголема доза локал-патриотизам од одговорните во федерацијата.

– Не можам да го замислам германскиот дрес без „трите ленти“. Според мене, „Адидас“ и црно-црвено-златната комбинација секогаш оделе заедно. Тоа е дел од германскиот идентитет, – рекол Хабек.

Своето разочарување не го криел и баварскиот премиер, Маркут Зедер.

– Нашата репрезентација секогаш играла со „три ленти“ и тоа е неменливо како што топката е тркалезна и натпреварот трае 90 минути. Успешната приказна започнува во 1954 година со незаборавната победа на СП, која ја врати самодовербата во земјата. Затоа е и погрешно и срамно што приказната треба да заврши, – вели Зедер.

„Билд“ денеска објави дека „Адидас“ до последно се обидувал да ја спаси соработката со Германската фудбалска федерација, но „Најк“ понудил 100 милиони евра годишно. Тоа е двојно повеќе од договорот со „Адидас“ и рекорден спонзорски договор со производител на спортска опрема на фудбалската сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни