Поврзете се со нас

Англија

Фудбалерка на Челси доби картон откако патосираше натрапник на теренот (Видео)

Објавено

на

Во сенка на вчерашните возбудувања во Лигата на шампионите во машка конкуренција и пред се дуелот на Челси и Јувентус за првото место во групата, женските тимови одиграа меѓусебен дуел во истото натпреварување.

Дамите на Челси и Јувентус одиграа без голови во претпоследната рунда, што беше резултат кој повеќе му одговара на гостинот од Италија, а натпреварот беше одбележан и со еден потег на една од фудбалерките на Челси.

Се работи за Сем Кер, која реши да дисциплинира натрапник на теренот, кој се шеташе со мобилниот телефон во рака.

За потегот, Кер заработи жолт картон од судијата на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни