Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…

Објавено

на

Играчите на Реал Мадрид повторно донеле одлука со која ќе му помогнат на клубот да ги преброди тешките времиња предизвикани од ковид пандемијата.

Сите фудбалери биле на ист став, да ги одбијат ветените бонуси кои им биле ветени во договроите доколку ја освојат Ла Лига или ЛИгата на шампионите. Со таквиот потег на фудбалерите од касата на Реал Мадрид ќе се заштедат 30 милиони евра, сума која ќе биде искористена за подобро функционирање на клубот кога работите ќе се стабилизираат.

И минатата година фудбалерите донесоа одлука да ја одбијат премијата откако станаа шампиони во Ла Лига и со тоа му заштедија на клубот околу 70 милиони евра. Притоа играчите се согласиле и на скратување на своите плати кои ги имаа во договорите.

Играчите на „кралскиот клуб“ се меѓу ретките кои се согласиле за вакво нешто и токму затоа нивниот потег добива на дополнителна тежина. Во јавноста претходно се појавија информации дека голем дел од фудбалерите во другите клубови одбиле да прифатат намалување на нивните плати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни