Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Ливерпул откри дека не ги гледал дуелите од групите на СП

Објавено

на

Светското првенство стигна до четвртфиналната фаза на десетина дена до финалето закажано за 18. ноември, а еден фудбалер на Ливерпул тврди дека воопшто не гледал натпревари од мундијалот.

Се работи за Енди Робертсон, шкотскиот репрезентативец кој не успеа да се пласира со својот национален тим во Катар, а разочарувањето е толку големо што не сакал ни да ги следи мундијалските возбудувања.

– Навистина ми беше тешко, не ги гледав натпреварите да бидам искрен, се обидов еден период да се исклучам од фудбалот.

– Последниве денови почнав да гледам некои дуели, жал ми е што Нуњез веќе е елиминиран со Уругвај, за него тоа е големо разочарување.

– Бев на друг дел на светот каде поради временската зона натпреварите беа и доцна, па не сакав да останувам буден цела ноќ за да гледам фудбал. Се надевам дека моите соиграчи ќе поминат добро, а за мене останува да жалам што не успеав да се пласирам со Шкотска, иако мислам дека заслужувавме мундијал, – изјавил Робертсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни