Поврзете се со нас

Лига Европа

Фудбалер на Карабах му заблагодари на судијата за поништениот картон, па стана хит меѓу фановите (Видео)

Објавено

на

Баер Леверкузен на драматичен начин реализираше пресврт и го елиминира Карабах во осминафиналето на Лига Европа, а овој натпревар во Германија донесе и една комична сцена.

Ентони Тејлор беше повикан од ВАР собата да прегледа старт на гостински играч во второто полувреме, по што англискиот судија реши да ја прифати сугестијата на колегите и жолтиот картон на Елвин Кафаркулијев го претвори во црвен.

Тоа беше и моментот кога фудбалските фанови имаа можност да видат комична сцена, која денеска е вирална на социјалните мрежи и која дефинитивно заслужува место во антологијата на најсмешни фудбалски моменти.

Фудбалерот на Карабах помалку и бизарно сакаше да му се заблагодари на Тејлор што му го поништил жолтиот картон, па се фаќаше за глава откако ја виде црвената боја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни