Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури заработи незгодна повреда, одложен бокс спектаклот со Усик во Ријад (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Tyson_Fury

Фановите на боксот со нетрпение го очекуваа февруарското соочување на Тајсон Фјури и Александар Усик, но денеска стана јасно дека ќе мора да чекаат дополнителен период за овој спектакл во рингот.

Двајцата боксери беа во завршна фаза од подготовките за соочувањето во тешка категорија закажано за 17. февруари, но денеска стана јасно дека Фјури заработил повреда која нема да му дозволи да се појави на ваков дуел.

За време на тренинзите со спаринг партнер, Британецот добил незгодна расеченица над едното око и веднаш го известил промотерот дека нема да биде во состојба да боксува со Усик.

Првичните проценки се дека на Фјури ќе му требаат околу три месеци да ја санира целосно повредата и да биде подготвен за најавеното соочување со Усик.

Фјури е сопственик на еден, а Усик на три појави во тешка категорија и победникот ќе се најде во уникатна позиција со соединување на појасите во сите верзии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queensberry (@queensberrypromotions)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни