Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ објави детали за продажбата на билети за натпреварите на У-21 репрезентацијата

Објавено

на

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија го продолжува настапот во квалификациите за ЕП, а ФФМ денеска информира дека продажбата на билетите за натпреварите против Гибралтар и Шведска ќе се одвива на 21. март и 26. март, односно на денот кога ќе се играат двата меча со почеток во 11. часот.

Цената на влезниците за натпреварите ќе изнесува 100 денари.

Продажбата на билетите за квалификациските мечеви на Македонија со Гибралтар и Шведска ќе се одвива преку билетарата на МКTickets на националната арена „Тодор Проески”, а натпреварите започнуваат од 14 часот.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски досега имаат една победа и тоа против Шведска, а доживеаја порази од Холандија, Молдавија и Грузија.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни