Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен индиректно му се закани на Ред Бул: Ако тој замине…

Објавено

на

Ред Бул планира да го суспендира долгогодишниот тимски советник Хелмут Марко, но тој доби неочекувано цврста поддршка од Макс Ферстапен.

Раководството на актуелниот Формула 1 шампион планира да го суспендира 80-годишниот Австриец поради контроверзната истрага по која тимскиот шеф Кристијан Хорнер беше ослободен од обвинувањето за непристојно однесување кон колешка од Ред Бул, а откако оваа вест беше пренесена од медиумите реагираше и човекот кој доминира во болидот.

– Многу е важно да остане во тимот.

– Ако толку важен столб отпадне, тоа нема да биде добро за мојата ситуација. Така што, според мене, Хелмут мора да остане во Ред Бул, – изјавил Ферстапен.

Официјално, Ф1 тимот на Ред Бул не ги коментирал шпекулациите, но одговорните за односи со медиуми истакнале дека Марко е ангажиран од самата компанија, а не од Ф1 тимот, па според тоа истиот нема никакви ингеренции за менување на статусот на искусниот советник.

Улогата на Хелмут Марко во создавањето на актуелниот Ред Бул е голема, тој е задолжен за скаутирање на младите возачи, а е главен виновник и за ангажирањето на Ферстапен. Сепак, неговата позиција веќе не е толку сигурна по смртта на основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, кој и го постави во тимот како најдоверлив соработник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни