Поврзете се со нас

Европски купови

Фантастичниот Шортс го однесе Париз во полуфиналето на Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Екипата на Париз обезбеди пласман во полуфиналето на Еврокупот, резултат за кој најголеми заслуги има македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Францускиот претставник го одбрани домашниот терен и славеше над Хувентуд со 86:70. Ова беше дуел во кој домаќините секогаш беа чекор, два пред противникот, знаеја што сакаат во секоја четвртина и дојдоа до посакуваниот триумф кој ги однесе на Лондон Лајонс.

Шортс беше на чекор од дабл-дабл, уфрли 21 поен со 9 асистенции, а собра и 3 скока со 1 украдена топка. Хифи со 15 кошеви беше најголема поддршка, додека кај поразените се истакна Ендрјуз со 25 кошеви.

Полуфинални парови:
Париз-Лондон Лајонс
Бург-Бешикташ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни