Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)

Објавено

на

Пјер Емерик Обамејанг беше стрелец на два гола во победата од 3:2 над Бенфика во Пиреја, натпревар на кој сепак одново се истакна фантастичниот млад фудбалер кој комплетно го засени најскапото засилување во историјата на клубот.

Букајо Сака се покажува како далеку поквалитетен фудбалер од страна на Николас Пепе, а фактот што крилниот фудбалер има само 19 години прави младиот Англичанец да биде вистински хит меѓу фановите на клубот, но и кај фудбалерите кои во минатото го носеа дресот на „топчиите“.

Сака беше асистент на двата гола кои ги постигна Обамејанг во драмата против Бенфика во Лигата на Европа, издание кое го воодушеви и Сеск Фабрегас кој очигледно и натаму будно ги следи случувањата во тимот од Северен Лондон.

– Сака е нависитна добар фудбалер. Каква зрелост и каква интелигенција за негова возраст. Играч што менува натпревари, – порача Фабрегас, а на социјалните мрежи се огласи и Бакари Сања.

– Букајо Сака….. Каков играч…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни