Поврзете се со нас

Евролига

Евролигата го најави дводневното лудило во Атина: Олимпијакос и Фенер ќе играат фудбал, па кошарка

Објавено

на

foto:twitter.com/FBBasketbol

Денешната ждрепка за четвртфиналето на Конференциската лига најави соочување на големите ривали Олимпијакос и Фенербахче, две екипи кои имаат големи амбиции во битката за трофејот.

Истото се однесува и на кошаркарската Евролига каде дуелот на овие ривали секогаш активира жешка атмосфера, а токму Евролигата преку социјалните мрежи го истакна поклопувањето на термините на двете дерби средби меѓу истите противници.

Ждрепката во Нион одлучи Олимпијакос да му биде домаќин на Фенер на 11. април, а нецели 24 часа подоцна, во Пиреја ќе се игра и кошаркарското дерби меѓу истите противници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни