Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер се засили со играч кој ја има освоено ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер потврди уште еден потег, засилување за престојнава сезона во која битолчани ќе имаа обврски како на домашната сцена така и во СЕХА лигата, но и во Лигата на Европа.

Имено Пелистер ја информираше јавноста дека е постигнат договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. Двете страни си подале рака за соработка со тоа што истата ќе биде официјализирана откако играчот ќе ги мине задолжителните медицинските прегледи.

Суси е играч кој ја покрива левата бековска позиција, ракометар кој со Монпелје беше и европски шампион. Тој во Битола доаѓа од редовите на Трембле, а повеќе детали околу договорот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни