Поврзете се со нас

СЕХА лига

Еурофарм Пелистер го преслуша Татран во Битола и е на чекор од Ф4 во СЕХА лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/SEHALeague/kolektiffimages

Еурофарм Пелистер подзаборави на возбудливите случувања во македонската ракометна елита и мораше да се насочи кон возбудувањата во СЕХА лигата, каде денеска оствари навистина фантастичен резултат и се најде на чекор од пласман на Ф4 турнирот.

Момците од Битола покажаа сила и квалитет против Татран Прешов и многу веројатно го одиграа најдобриот меч оваа сезона, со кој си обезбедија навистина убава позитива пред реваншот во четвртфиналето.

Пелистер славеше 37:29 и победата од убедливи осум гола е добар предуслов за пласман на завршниот турнир, учество кое ќе треба да се потврди на реваншот кој се игра наредната седмица.

Македонскиот претставник доминираше во текот на целиот меч и заслужено стигна до посакуваниот триумф, во кој најдобар беше Ненад Костески.

Репрезентативното крило постигна 10 гола и блескаше на теренот, но извонредни беа и Данците Хенеберг со осум и Кисум со шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни