Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Енрике: Мбапе е најдобар играч на светот, тој е вистински лидер

Објавено

на

Пари Сен Жермен имаше победнички старт на новата сезона во Лигата на шампионите, славје над Борусија Дортмунд од 2-0.

Домаќинот во вториот дел го скрши отпорот на бундеслигашот и тоа со погодоците кои беа дело на Мбапе и Хакими. Со ова „светците“ најавија подобри резултати и партии во иднина со оглед на променливите изданија во Лига 1, а тренерот Луис Енрике го испофали напаѓачот Мбапе.

-За мене, Килијан е најдобриот играч на светот. Ама над неговите технички квалитети, она што ме погоди е неговиот човечки квалитет. Задоволство е да се види во соблекувалната. Тој е лидер и секогаш има насмевка, -порача Лучо.

Килијан има дадено осум гола на пет натпревари во оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни