Поврзете се со нас

Англија

Емери го надмудри Конте, Тотенхем ја почна годината со пораз (Видео)

Објавено

на

Астон Вила победи на тешкото гостување кај Тотенхем (0:2) во првиот премиерлигашки натпревар во 2023 година.

Тимот на Унај Емери со трпелива игра ги искористи своите шанси во Лондон и освои три големи бода, иако тие нема да донесат подобра позиција на табелата.

Буендија во 50. минута го постигна подогокот за предност, а Даглас Луиз во завршницата ги постави конечните 0:2.

Тотенхем со овој пораз останува на минус два зад четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој има и натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни