Поврзете се со нас

НБА

Ембид повторно „експлодираше“ и им се приклучи на Ајверсон и Чембрлен, Лејкерс им се врати на победите (ВИДЕО)

Објавено

на

Членот на Филаделфија 76, Џоел Ембид ја имаше најдобрата партија на натпреварите кои се одиграа во НБА лигата.

Ембид беше неверојатен на пресметката против Шарлот Хорнетс на која уфрли 53 поени со 13 скокови со што беше најзаслужен што неговиот тим избори триумф од 131-113. Ова за Ембид беше втора партија сезонава со 50+ кошеви со што влезе во историјата на Филаделфија или поточно им се приклучи на легендарните Ален Ајверсон и Вилт Чембрлен.

Ален и Вилт во сезоните 2000-01, 2004-05, односно 1965-66, 1967-68 имале повеќе вакви сезонски партии во дресот на Филаделфија, па сега до нив е и центарот од Камерун кој има и француско државјанство.

ЛА Лејкерс пак ја прекина серијата од три порази и тоа на гостувањето кај Детроит Пистонс (124-117). Ова за „езерџиите“ е 11 триумф во кампањата што е одлична најава за престојното дерби со најлутиот ривал Бостон Селтикс.

Комбинацијата Дејвис-Леброн беше брилијантна, заедно уфрлија 69 поени, 20 скока и 12 асистенции. Хрватот Богдановиќ пак беше автор на 38 поени, но залудно беше најефикасен играч на овој натпревар.

НБА, резултати:
Њу Орлеанс – Финикс 129:124
Детроит – ЛА Лејкерс 117:124
Њујорк – Сакраменто 112:99
Орландо – Торонто 111:99
Филаделфија – Шарлот 131:113
Чикаго – Атланта 122:123
Хјустон – Милвоки 97:92

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни