Поврзете се со нас

Германија

Добива шанса од првата минута: Елмас конечно стартер за Лајпциг (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе го има својот прв меч како стартер за РБ Лајпциг и тоа во соочувањето со Дармштад во Бундеслигата.

Елмас кој дојде во таборот на „биковите“ во зимскиот преоден рок постојано добиваше шанса од клупата, но сега од првата минута добива шанса и ќе има можност да покаже, докаже дека заслужува поголема шанса од тренерот Марко Розе.

Инаку Розе направи промени во однос на тимот кој играше против Реал Мадрид во ЛШ, а еден од фудбалерите кој треба да донесат свежина е токму Елмас кој заедно со Симонс треба да бидат најголема поддршка за напаѓачите Поулсен и Опенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни