Поврзете се со нас

Балкан

Динамо се посрамоти без Адеми и доживеа елиминација во Купот, Чачиќ не си поднесе оставка

Објавено

на

Хрватската јавност постојано го критикува Анте Чачиќ и смета дека заслужува отказ од упрвата на клубот, но овие притисоци ќе бидат уште поголеми откако хрватскиот шампион и дефинитивно остана без планираната „двојна круна“.

Динамо денеска доживеа шокантна елиминација во полуфиналето во Купот и не ја оправда фаворитската улога, и тоа на меч на кој рано поведе уште во првата минута.

Тимот од Загреб поведе против Шибеник со голот на Дрмиќ, па иако доминираше во првиот дел и постигна уште еден погодок преку истиот фудбалер, тој беше поништен и на семафорот остана 0:1.

Во вториот дел, составот на Чачиќ комплетно се опушти и доживеа жестока казна, бидејќи најпрво Позо израмни на 1:1, а Дује Чоп мајсторски погоди со глава во 93-та минута.

Овој гол го однесе Шибеник во големото Куп финале, по што почнаа натписите во Хрватска дека Чачиќ треба да преземе одговорност и да поднесе оставка.

– Не поднесувам оставка, тренерот е одговорен, но фудбалот е игра која носи големи изненадувања. Не ми е лесно, целта беше да освоиме двојна круна. Добро отворивме, поведовме, имавме и неколку чисти ситуации за сигурно водство. На крајот, мора да му честитаме на домаќинот. Моравме да ја искористиме доминацијата во првиот дел и уште тогаш да го решиме мечот, – изјавил Чачиќ.

Динамо го доживеа првиот голем шок по ерата на Аријан Адеми, а тоа важи и за Стефан Ристовски кој денеска беше стартер и го одигра цел меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни