Поврзете се со нас

Италија

Де Роси самоуверен: Сите ќе сакаат да ја избегнат Рома во ждрепката за ЛЕ

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома забележа минимален пораз на гостувањето кај Брајтон и без проблеми си обезбеди пласман во четвртфиналето на Лига Европа, а добрата серија со тренерот Даниеле Де Роси дефинитивно ги зголеми амбиции и ја врати самодовербата на „Олимпико“.

Убедливата победа на првата средба против премиерлигашот значеше мирен реванш за „волчицата“, а тренерот Де Роси смета дека никоја од преостанатите екипи нема да сака да се сретне со неговиот тим во следната фаза.

– Споредено со претходните години, можните противници во четвртфиналето се многу поквалитетни.

– Сметам дека и Феенорд и Брајтон беа квалитетни ривали, па според тоа подготвени сме да се соочиме со било кого. Сепак, нема да биде лошо ако добиеме некој „поедноставен“ ривал.

– Она во што сум сигурен е дека никој нема да сака да ја добие Рома во оваа ждрепка, – истакнал Де Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни