Македонија
Давидовски задоволен од WTCR искуството во Бахреин
Виктор Давидовски ги извозе двете трки од претпоследниот гран при викенд за WTCR во Бахреин, при што во првата беше на десетто место, додека во втората беше на праг да го повтори истиот пласман откако стартуваше пет позиции подолу, но на два круга пред крајот имаше дефект на пумпата за гориво.
Осврнувајќи се на првото искуство од трките во светското првенство, македонскиот возач е задоволен што имал можност да се натпреварува против дузина возачи кои покрај своето име имаат сериозни освојувања.
ДЕРБИ: Прв пат настап во светското првенство и тоа против имиња кои доминираат на сцената во последната деценија. Како ги виде ти на нештата од твоето седиште?
– Да се вози покрај такви пилоти кои биле европски и светски шампиони е навистина голема чест, а јас се потрудив да дадам се од себе. Најголем дел се професионални фабрички возачи, кои преку годината минуваат илјадници километри во тест и во трка, додека јас и оној слободен тренинг што го имавме за запознавање со патеката, поради дефектот на предната оска на тренинзите, го пропуштив. Но, тоа се трките, беше тешко, а од друга страна, ми беше задоволство. Техничките проблеми дополнително го искомпликуваа финишот на втората трка кога откажа пумпата за гориво, во спротивно ќе бев навистина задоволен. Во секој случај, имам огромна благодарност за тимот „Comtoyou“ и за Ауди кои ми ја овозможија оваа трка.
ДЕРБИ: Кога зборуваш за задоволство, имајќи ги предвид твоите минати резултати, веројатно тоа не произлегува од самиот пласман туку од некои други параметри?
– Би било премногу опширно ако објаснувам во детали, но накусо, јас и Франко како возачи со „вајлд карта“ имавме и дополнителна тежина, а нашите автомобили од ТЦР Европа ги немаат последните надградби на моторот и менувачот што ги имаат возачите на Ауди во WTCR. И покрај тоа, во првата квалификациска сесија, јас бев на една секунда до Бертон и Бенани. Дел од тоа отпаѓа на опремата, дел на моето непознавање на патеката, но кога ќе се подвлече црта, нема причини за паника, туку за скромно задоволство.
ДЕРБИ: Се верува дека патеката во Саудиска Арабија повеќе одговара на автомобилите на Ауди, отколку Бахреин. Какви се твоите очекувања?
– Не е проблем дизајнот на патеката во Бахреин, бидејќи Арагорн е мошне слична и таму се постигнувале добри резултати. Конкретно за Ауди, проблем беше песокот на патеката, бидејќи нашиот автомобил има поинакво гравитациско тежиште од другите, па поради тоа немаше најдобар контакт со подлогата. За идната трка во Џеда не очекуваме проблеми со песокот, а веќе ќе имам и повеќе километри со новите пневматици кои имаат поинакви карактеристики. Патеката во Џеда е покуса, се вози на градски улици, а последениот пат кога возевме таква трка на Норис-ринг добро поминавме. Тоа ни дава право да бидеме поголеми оптимисти, но јас искрено само посакувам стабилни временски услови и да немеме технички дефекти, бидејќи на тој начин се намалуваат нервозите, а се максимизира уживањето.
-
Балканпред 24 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 23 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Шпанијапред 10 часа
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 23 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона одбила понуда со која ќе бил соборен трансфер рекордот во женскиот фудбал
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!