Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дани Алвеш ќе ја предводи олимписката селекција на Бразил во Токио

Објавено

на

Ветеранот Дани Алвеш не се најде во составот на Бразил за Копа Америка, но затоа ќе ја предводи својата земја на Олимписките игри во Токио.

Фудбалерот на Сао Пауло има 38 години и со задоволство ја прифатил понудата да биде дел од Олимпијадата, каде нема да настапат најголемите ѕвезди на „кариоките“.

Иако Бразилците посакуваа да сметаат на играчи од типот на Нејмар, европските клубови не дозволуваат учество на нивните фудбалери на ЛОИ, поради фактот што немаат таква обврска кон ФИФА.

Пропадна опцијата дури и за Родриго од Реал Мадрид, кој не е дел од Копа Америка, но во периодот кога ќе се игра олимпискиот турнир, тој ќе ги започне подготовките со новиот тренер Карло Анчелоти.

Бразил е во група со Германија, Брегот на слоновата коска и Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни