Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА ја доби битката со европскиот шампион, Реал падна во Пиреја (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на ЦСКА Москва славеа над Андолу Ефес со 100-96 во битката на двата последни шампиони во Евролигата.

Во оваа дерби пресметка од втората рунда која се одигра во Истанбул подобро се снајдоа избраниците на Итудис кои имаа контрола на резултатот и играта од првата до последната четвртина, па сосема заслужено се израдуваа на првиот триумф во новата сезона.

Шенгелија даде 23 поени, додека пак Клајбурн имаше 18 кошеви со 7 скока и 2 асистенции. На спротивната страна залудни беа седум тројки и 32 кошеви на српскиот репрезентативец Мициќ.

Олимпијакос пак славеше над Реал Мадрид со 74-68 во уште една класика кога е во прашање најквалитетната кошарка на стариот континент. Домаќините беа подобри во три од четирите периоди, предводник беше Везенков со дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови.

Кај поразените прво име беше летното засилување Вилијам-Гос со 16 кошеви.

На останатите терени Монако по продолженијата славеше над Уникс Казан (88-80), Асвел ја доби Алба во Берлин (71-67), додека Милано ја надигра Басконија на нејзин терен со 78-64.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни