Поврзете се со нас

Шпанија

Чуамени за најавеното засилување на Реал: Кога ќе го видат, ќе сфатат каков голем играч е тој

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ќе направи промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок каде се очекуваат да пристигнат неколку квалитетни играчи на различни позиции, со тоа што најголемото име треба да биде Килијан Мбапе.

Мбапе си заминува од Пари Сен Жермен и новиот клуб треба да биде Реал, информација која ја пренесоа сите респектабилни медиуми во Европа и светот, информација која самиот играч не сакаше да ја потврди порачувајчи дека кога ќе има нешто ново тој самиот тоа ќе и го пренесе на јавноста.

Меѓутоа иако се тактизира со официјалното соопштение, јасно е и дека ПСЖ подготвува терен за живот без напаѓачот, а дека се е готово кога е во прашање оваа тема доволно говори изјавата на Орелијан Чуамени за „Телефут“.

-Шпанците се навистина свесни за тоа каков играч е Мбапе, меѓутоа дури кога ќе го видат на дневна основа, ќе сфатат каков голем играч е тој, -вели членот на „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни