Поврзете се со нас

Боречки спортови

Чимаев воодушеви со говорот по новиот УФЦ триумф во Абу Даби

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

Хамзат Чимаев ја продолжи својата победничка серија на УФЦ пресметките и стигна до скор 13:0 по вчерашната победа со одлука на судиите над Камару Усман.

Чеченецот доби предност кај двајца од тројцата судии, додека еден се одлучил за нерешен скор, а по завршувањето на борбата во Абу Даби, од октагонот испрати мировна порака која ги воодушеви фановите.

– Луѓе, знаете што се случува во моментов во светот. Не бев среќен бидејќи требаше да се борам оваа недела додека гледам како умираат деца.

–  Не е важно каде се случува тоа, во Украина, Авганистан, Сирија, Палестина, САД, кога гинат деца е навистина тешко. Ги сакам децата, а дома ме чека тримесечен син.

– Кога некое дете ќе го загуби животот, не знам што би рекол. Христијани, муслимани, евреи, не е важно што сте, ве молам држете се заедно. Дозволете да живееме на овој свет и дозволете да бидеме среќни, – рекол емотивниот Чимаев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни