Поврзете се со нас

Македонија

Цел тим: Шкупи ги претстави 11 засилувања за новата сезона (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот шампион Шкупи ги претстави и промовираше единаесетте засилува за натпреварувачката 2022/2023.

Овој потег на клубот од Чаир доаѓа во пресрет на настапот на квалификациите за Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Линколн од Гибралтар.

Шкупи не ја засили само голманската линија, па така во дефанзивата нови опции за тренерот Гоце Седлоски се Мелос Бајрами, Ангелче Тимовски, Џелил Абдула, Марио Ричков.

Кога е во прашање средината на теренот новитети се Благоја Спиркоски, Алекс Златков, Кристијан Ацковски и Фикрет Ливарека, додека засилува за нападот се Реналдо Цефас, Пепи Ѓорѓиев и Антонио Каланоски.

foto: fcshkupi.com

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни