Поврзете се со нас

Англија

Бруно побара промена на едно фудбалско правило по драматичната победа над Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед ја запиша најдраматичната победа од стартот на сезоната и фановите после долго време имаа вистинска причина за славје, бидејќи нивните миленици го победија лутиот ривал Ливерпул во четвртфиналето на ФА Купот.

„Ѓаволите“ двапати се враќаа од негатива и на крајот во инфаркт завршница победија со гол на Диало во 121-та минута, но за време на прославата, младиот офанзивен фудбалер заборави дека претходно доби опомена, па поради соблекувањето на дресот заработи црвен картон.

Ова правило често знае да им донесе проблеми и на многу поискусни фудбалери, а Бруно Фернандеш како капитен на Јунајтед смета дека истото треба да се разгледа и да биде отфрлено од водечките луѓе на фудбалот.

– За жал, Диало заработи исклучување, а не мислеше ништо лошо. Тоа е импулс во моментот, тоа е радост на младо момче кое постигнува гол.

– Вакви моменти треба да се уживаат и сметам дека ова е едно од правилата кои треба да се променат. Мора да ви дозволат да се радувате за својот гол, да уживате во моментот со почит кон противникот. Сметам дека Диало го направи токму тоа, – изјави Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни