Поврзете се со нас

Англија

Брајтон го следи миленикот на Де Ѕерби од Јувентус

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Роберто Де Ѕерби е поврзуван со повеќе европски гиганти, но неговиот актуелен клуб Брајтон следи еден од неговите поранешни фудбалери од времето кога го водеше Сасуоло.

Италијанскиот стручњак би сакал да го види Мануел Локатели во Премиер лигата, а според дел од англиските и италијанските медиуми, скаутите на Брајтон ги следат настапите на играчот од средниот ред, кој не може да се пофали со којзнае каков ефект во редовите на „бјанконерите“.

Локатели го избра Јувентус пред евентуален трансфер во Премиер лигата со тврдење дека не е подготвен за англиското првенство и поради фактот што бил долгогодишен фан на торинскиот клуб, но неколку сезони подоцна може да се реши за нов предизвик.

Де Ѕерби и Локатели се познаваат одлично и фудбалерот би бил големо засилување за Брајтон, додека клубот може да си дозволи ваква инвестиција по големиот профит од последните неколку продажби, додека Јувентус ќе сака да го продаде репрезентативецот во ситуација кога се ближи истекувањето на неговиот договор.

Локатели одигра 99 натпревари за Сасуоло под водство за Де Ѕерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни