Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас го откри рецептот со кој понекогаш успевал да го победи Хамилтон

Објавено

на

Валтери Ботас даде интервју по заминувањето од Мерцедес и трансферот во Алфа Ромео, во кое искрено одговори на повеќе прашања поврзани со неговото петгодишно искуство како тимски колега на Луис Хамилтон.

Меѓу другото, тој откри свој личен ритуал, со кој успевал да се опушти, а потоа и да го победи првиот возач на „сребрените стрели“.

– Сауната е свето место за мене. Забавно ми е, а понекогаш и алкохолот е вклучен – не толку за да се ослободам од притисокот, колку да ги оттргнам мислите од главата и да се релаксирам за следниот гран при викенд. Понекогаш даваше резултат, понекогаш не,- изјави финскиот возач при гостувањето во „Talking about me“.

Медиумите дополнително ставија тежина уште на една негова изјава, поврзана со изненадното заминување на Нико Розберг по освоената титула во 2016 година, со што тој доби шанса да го замени.

– Се сеќавам дека Луис и Нико имаа тешки дуели, па целата ситуација стана и малку политичка. Кога стигнав во Мерцедес, се прашував зошто Нико така одеднадеш запре. Сега можам да се идентификувам со него и од искуство да кажам дека не е лесно.Ако чувствуваш дека има нож во твоето грло, тогаш умот не ти работи најкоректно,- рече Ботас опишувајќи ги чувствата од своите порази во низа.

Исто така, тој призна дека требало да добие и солидна награда доколку Луис Хамилтон стане светски првак, што објаснува и зошто често се трудеше сепак чесно да си ја работи задачата и „да му го чува грбот“.

– Последниот круг во Абу Даби ме чинеше неколку милиони. Среќа што немав купено нешто однапред со тие пари. Сепак, Мерцедес најде начин да ме обесштети. Тие ми го подарија болидот од 2017 година со кој стигнав до првата победа. Чувствувам дека нема потреба да ги гледам парите, бидејќи во одреден момент едноставно нема потреба повеќе да го гледаш салдото. Парите се голем чинител во Формула 1, но јас се сеќавам од каде дојдов и сметам дека добро поминав.

Меѓу другите интересни заклучоци на Ботас се и оние дека по преговарањето со Тото Волф за обновувањето на договорите се чувствува како да стекнал знаење кое ќе му помогне во натамошниот дел од кариерата, како и дека трансферот во Алфа Ромео не е инспириран со бегање од одговорноста, туку напротив, со преземање на поголема одговорност во годината кога го слави својот личен јубилеј од 10 години во Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни