Поврзете се со нас

Евролига

Бодирога доби четиригодишен мандат како прв човек на Евролигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/EuroLeague

Кошаркарската Евролига и наредните четири години ќе биде раководена од досегашните први оперативци.

Претседателот Дејан Бодирога и Извршниот директор Паулиус Мотиејунас добиле акламативна поддршка од Бордот на директори на елитното европско кошаркарско натпреварување, па ќе го продолжат престојот на одговорните позиции во Евролигата.

Бодирога дојде на позицијата во 2022 година, додека поранешниот претседател на Жалгирис стана Извршен директор една година подоцна.

Претставниците на клубовите се задоволни од работата на двоецот на највисоките раководни функции и очекуваат дополнителен напредок за лигата под нивно водство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни