Поврзете се со нас

Франција

Бек на Монако му ја сокри топката на Баркола, потегот стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AS_Monaco

Монако и ПСЖ вчера на успеаја да постигнат ниту еден гол на дерби дуелот од француското првенство, но фановите можеа да видат неколку атрактивни потези кои сепак останаа во сенка на случувањата со Килијан Мбапе и коментарите за истото.

Она што вреди да се истакне од дуелот на „Луј Втори“ е потегот на Вилфред Синго, десниот бек на Монако, кој воодушеви со еден потег во дуел со помлад колега.

Жртва на Синго беше Брадли Баркола, кој неколку секунди навистина не знаеше каде е топката, а на крајот спасуваше што може, па го фаулираше противничкиот фудбалер.

Не е изненадување што потегот на екс играчот на Торино стана вирален на социјалните мрежи, а долго ќе го памети и Баркола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни