Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона со четири „бомби“ ја заврши победничката ноќ во ЛШ

Објавено

на

Екипата на Барселона го оправда статусот на фаворит и оствари сигурна, убедлива победа над Ференцварош од 5-1 во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Меѓутоа триумфот на каталонците не е најголемата вест и за тоа се погрижи клубот кој објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со дури четворица првотимци. Имено нови договори добиваат голманот Марк Андре Тер Штетен, стоперите Жерард Пике и Клеман Ленгле како и играчот за врска Френки Де Јонг.

Ваква „бомба“ никој не очекуваше со оглед на тоа што Барса има одредени финансиски проблеми, но по се изгледа истите не се толку големи како што дел од медиумите ги претставуваат, информираа за истите.

Тер Штеген ќе биде „врзан“ до 30 јуни  2025 година со откупна клаузула од 500 милини евра, Ленгле до 2026 година со клуазула од 300 милиони евра, Де Јонг до 2026 година со клаузула од 400 милиони евра и Пике до 2024 година со клаузула од 500 милиони евра.

Кога е во прашање Пике продолжението на договорот е поврзано со бројот на настапи кои ќе ги има во сезоната 2021-2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни