Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Азар ги разбесни фановите на Реал со потегот по елиминацијата од Челси (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид ги разочара своите фанови не само со елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампионите, туку и со настапот на „Стемфорд Бриџ“, каде избраниците на Зинедин Зидан не успеаја посериозно да го загрозат голот на домашниот состав.

Допрва ќе се анализираат грешките, но фановите уште по средбата критикуваа дел од играчите, а традиционални меѓу „омилените“ во оваа рубрика е Еден Азар.

Белгиецот никако да ја врати препознатливата форма, а не направи ништо посебно иако играше голем од средбата против својот поранешен клуб Челси.

Она што дополнително ги разбесни фановите на Реал е сцената по средбата, во која Азар се смее во друштво на Курт Зума и голманот Едуард Менди.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни