Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Аргентинецот не е омилен на „Олд Трафорд“: Навивачите на Јунајтед удрија по Симеоне (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Атлетико Мадрид од 1-0, пораз кој значеше елиминација во првата нокаут рунда во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот не успеа да одговори онака како што посакуваше, немаше решение за цврстата одбрана на шпанскиот претставник предводена од голманот Јан Облак, па со вкупни 2-1 се збогуваше со елитното натпреварување.

Домашните фанови беа разочарани и лути, па дел од својот бес го истурија кон тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој не се поздрави со колегата Ралф Рангник и веднаш по последниот судиски свиреж со трчање се упати кон тунелот при што од трибините на „Олд Трафорд“ долетаа шишиња и чаши пиво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни