Поврзете се со нас

Свет

Анри му се поклони на Мбапе: Тој веќе ме надмина!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Тјери Анри е еден од најголемите француски играчи на сите времиња, човек кој низ кариерата освои голем број на титули како на клупско така и на репрезентативно ниво, плус тука се многуте индивидуални признанија и награди.

Анри како играч блескаше во повеќе клубови и неговото име дефинитивно со големи букви ќе биде запишано во историја, но според Тити еден негов сонародник веќе го има надминато и покрај тоа што има само 25 години-тоа е Килијан Мбапе.

-Тој веќе ме надмина, тоа е веќе направено. Килијан е веќе во иднината и во секој случај тоа е добро бидејќи тој е Франција, тој е нашиот фудбал и ни треба овој човек кој не претставува насекаде. Килијан е извонреден. Тој е луд, -порача Тјери за „Ле Паризиен“.

Килијан досега нема играно надвор од Франција, се нема израдувано на ниту еден трофеј во ЛШ, ама со Франција стана светски шампион во 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни