Поврзете се со нас

Балкан

Ангеловски: Ја понудив мојата оставка поради морални причини, но истата не е прифатена

Објавено

на

Игор Ангеловски има биланс од шест порази и едно реми на своите први седум натпревари како тренер на Горица во хрватската фудбалска елита, со тоа што единствената победа ја оствари на средина на минатата недела во Купот.

За жал, Горица не успеа да го задржи победничкиот ритам изминатиот викенд и загуби во дербито на дното против Локомотива, меч по кој популарниот Мрме ја понудил својата оставка, која сепак не била прифатена од страна на водечкиот човек на клубот.

Горица сега се подготвува за нов тежок првенствен предизвик против Хајдук, а истиот го подготвува Ангеловски кој прифатил да продолжи како тренер откако неговата оставка била одбиена.

– Натпреварот против Локомотива беше добра шанса да стигнеме до три бода и победа, можевме да фатиме чекор со останатите екипи кои се доле. За жал, одигравме две различни полувремиња. Во првото бевме лоши, во второто многу подобри, но сепак не успеавме да извлечеме поволен резултат.

– Го загубивме мечот, а јас по поразот од морални причини почувствував потреба да одам до кај претседателот и да ја понудам мојата оставка. Тој не ја прифати и сега се подготвуваме за мечот со Хајдук. Со луѓето од клубот се договоривме за неколку работи и сметаме дека можеме да ја извлечеме ситуацијата. Играчите мора да сфатат во каква ситуација сме во моментов, мора да ги кренеме главите и на следните четири меча да освоиме што повеќе бодови, – изјавил Ангеловски пред хрватските новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни