Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти предвиде кој ќе биде идниот лидер на Реал Мадрид: Ги поседува најважните квалитети

Објавено

на

Големите работници на теренот кои тивко си ја вршат својата работа често знаат да бидат изолирани и запоставени од страна на медиумите, но Федерико Валверде со своите изданија веќе го менува таквиот тренд, а причина за тоа е фактот што почна да постигнува голови.

Фудбалерот кој се препороди минатата сезона под водство на Дон Карло ја стартуваше уште подобро новата сезона, а вчера постигна сензационален гол по еден соло-слалом од 50-тина метри.

Уругваецот прераснува во вистински миленик меѓу фановите на Реал поради фудбалските квалитети, но и поради пожртвуваноста и борбеноста кои прават да ги поседува сите елементи за иден лидер на првиот тим.

– Еден станува лидер во тимот кога ќе служи и како пример за другите, а Феде го поседува тоа. Тој е многу важен за нас во тимот, но истовремено е многу понизен и коректен.

– Тоа може да му помогне да биде идниот лидер на Реал. Во овој тим има многу фудбалери кои можат да бидат лидери, но Феде сигурно ги поседува сите потребни квалитети, – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни