Поврзете се со нас

АТП

Американците го менуваат ставот, Ѓоковиќ ќе извиси и за Ју-Ес Опен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ очекуваше без проблеми да настапи на преостанатите американски турнири и пред се на Ју-Ес Опен поради промените во однос на правилата за влез на странски државјани во САД, но американските власти му приредија нов шок.

Најновата одлука на американските здравствени власти не е во насока на целосна елиминација на забраната за влез не невакцинирани лица, туку на намалување на ригорозноста, па странските државјани ќе можат да влезат во САД и со една доза на  вакцина, ако таа е примена од 16. август наваму.

Со други зборови, Ѓоковиќ кој одбиваше да се вакцинира повторно не би можел да добие виза за влез во САД, затоа што не се очекува дека допрва ќе ја менува одлуката околу вакцинирањето за коронавирусот.

Одлуката засега не е официјална, но се претпоставува дека ќе биде потврдена најдоцна до 11. мај, за кога беше најавено дека ќе има промени во однос на забраната за влез на невакцинирани странски државјани.

Српскиот тенисер веќе ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, а сега му виси и настапот во Синсинати, односно на Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни