Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо за ривалството со Шумахер: Михаел беше многу ладен и секогаш држеше дистанца

Објавено

на

Foto:twitter.com/AstonMartinF1

Фернандо Алонсо е инспирација за голем број автомобилистички фанови ширум светот, не само поради квалитетот кој го поседува, туку и поради истрајноста на прославениот шпански возач.

Алонсо е активен во Формула 1 и на свои 42 години и се уште е дел од „најбрзиот циркус“, а по тој повод, „ДАЗН“ направи мини-документарец за двократниот шампион кој својата најголема слава ја имаше како лидер на проектот на Рено.

Шпанецот во тоа време како млад талент успеа да добива битки со неповторливиот Михаел Шумахер, од кого Алонсо има само добри спомени и покрај жестокото ривалство.

– Шумахер ми беше голем ривал, но истовремено и мотивација и инспирација. Тој е еден од најтешките ривали кои сум ги имал, ако не и најтешкиот. Кога јас бев во картинг, тој веќе беше во Формула 1, имаше освоено неколку титули, а кога јас бев блиску до деби, тој веќе доминираше. Тој победуваше на речиси сите трки, сите внимаваа само на него, го гледаа како вози, како постапува, како реагира, како се облекува.

– Тој беше инспирација за мене, а потоа бев блиску до него и се тркавме тркало до тркало. Освоените титули со него на патеката се спомени кои секогаш ќе ги носам со себе. Михаел беше навистина тежок човек во секоја смисла, не само на патеката, туку и надвор од него. Беше многу ладен, секогаш држеше дистанца од другите и секогаш се обидуваше да изгледа застрашувачки. Тој беше возач со кој тешко можевте да направите разговор. Одите на брифинг со возачите и новинарите, а тој ве гледа чудно под око. Имав огромна почит кон него, но ривалството ни беше навистина тешко, – открива Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни