Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се пласираше во четвртфиналето, но противникот го освои поенот на турнирот (Видео)

Објавено

на

Карлос Алкарас не остава ништо на случајноста и без загубен сет се пласираше меѓу осумте најдобри тенисери во Мајами, откако рано утрово успеа да го надигра Лоренцо Музети.

Шпанскиот тенисер повторно игра во врвна форма и изгледа на тенисерот кој блескаше на средина на минатата сезона, а доказ за тоа е и лесната победа над Музети.

Слично како во претходните две рунди, Алкарас доминираше во секој поглед и триумфираше со 6:3 и 6:3, а мала утеха за Италијанецот сигурно ќе биде тоа што го освои поенот на турнирот.

На стартот на вториот сет, Музети се бореше да направи брејк на сервис на Алкарас, па иако на крајот не успеа во тоа, освои еден поен кој веќе на големо се врти на социјалните мрежи.

Италијанецот со интелигентен твинер-лоб го збуни Алкарас и го натера да трча по топчето, а обидот на Шпанецот да возврати на ист начин го направи поенот уште поспектакуларен за фановите кои се држеа за глава на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни