Поврзете се со нас

Англија

Алиоски си оди од Лидс и се сели во гигантот од Истанбул

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски веќе неколку години или поточно до 2017 е дел од составот на Лидс Јунајтед со кој оваа година настапува и во Премиер лигата.

Меѓутоа токму оваа сезона може да биде последна за популарниот Џани на „Иланд Роуд“ со оглед на тоа што договорот му завршува, па веќе има информации и дека веќе договорил ангажман за следната кампања. Имено дел од турските медиуми пренесуваат дека Алиоски си подал рака со Галатасарај и веќе од следново лето ќе го носи дресот на клубот од Истанбул.

Големиот борец е еден од најслабо платените играчи во Лидс, а понудата од Галатасарај била доволно добро да го убеди да се пресели кај нив. Останува да видиме дали ова е само шпекулација или реалност за Џани кој и понатаму е стандарден кај тренерот Марсело Биелса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни